Погледнете како изгледа теренот на Баерн Минхен на пет дена пред натпревар

На пет дена пред одигрување на натпреварот против Аусбург од 11. коло во Бундеслигата на теренот на Баерн Минхен воопшто нема трева. Причината за тоа е целосната промена на тревата по НФЛ натпреварот помеѓу Пантерс и Џајантс кој беше дел од европската турнеја.

Играчите на американскиот фудбал ја оштетиле тревата па таа ќе биде експресно променета, а старата трева која е веќе спакувната ќе го најде своето место на терените на младинските школи.

Во минатото ваков потег би бил потполно незамислив бидејќи треба време додека тревата израсне, но сега процесот е далеку побрз. За него се грижи Петер Сауер, стручен човек кој од 2023 година е дел од Баерн Минхен.

Се вчитува...