Надал: Сакам да освојам трофеј за Шпанија за самиот крај

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал ќе го одигра последниот турнир во својата блескава кариера исполнета со 22 грен-слем трофеи од кои 14 на Ролан Гарос.

Надал ќе настапи со шпанската репрезентација на престојниот Дејвис Куп каде, како што вели нема во центарот на вниманието да биде неговото заминување во пензија, туку желбата да освои нов трофеј за својата татковина.

„Нема да размислувам за пензија, само ми е важно ако можам да и помогнам на Шпанија да го освои Дејвис купот“, започна Надал.

„Ако бидам на теренот во Малага, најважно ќе ми биде да ги контролирам емоциите. Не сум во кругот на репрезентацијата со цел да се повлечам, туку да ако треба да помогнам за освојување на нов трофеј. Ова ќе биде моја посебна недела, но во служба сум му на тимот и сакам целосна победа“

„Се чувствувам добро, а емоциите за заминувањето доправа ќе испливаат на крајот. Работам, тренирам и сакам да бидам потполно подготвен кога ќе дојде моментот да морам да помогнам. По Дејвис купот ќе имам голема промена во животот. Најубаво ќе ми биде тоа што ќе се збогувам во својата земја, пред своите навивачи и во кругот на репрезентацијата“

Во текот на криерата Надал четири пати го освојуваше ова натпреварување во 2004, 2009, 2011 и 2019 година.

Се вчитува...