Димитриевски: „Горд сум што сум во тим со момци со шампионски глави и исто такви ‘м**а’“

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски и дефинитивно се запиша како најуспешниот репрезентативен голман во историјата.

Со двете ноемвриски победи без примен гол во Лигата на нациите, Димитриевски забележа и петти натпревар во низа со „чиста мрежа”. На сето тоа подобрувајќи го и сопствениот рекорд на сите времиња од голманска серија без примен гол, која сега изнесува 531 минута.

Не можеше да го сокрие задоволството Димитриевски и вчера по победата над Фарските острови, истакнувајќи дека е горд што е дел од тим со победнички менталитет…

„Горд сум што сум од тимот со момци кои имаат шампионска глава и исто такви ‘му_а’“ – ја пренесува ФФМ изјавата на Димитриевски.

Се вчитува...