Од КК Куманово се оградија од инцидентите на мечот со Феникс: Не поддржуваме такво вандалско однесување!

Од кошаркарскиот клуб Куманово, преку официјално соопштение, се оградија од инцидентите за време на натпреварот со Феникс изминатиов викенд во 7. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Кумановци потенцираат дека не поддржуваат и никогаш нема да поддржат такво вандалско однесување, неспортско скандирање, повреда на етничка, верска или било каква друга основа на спортски натпревари и било каде, и никогаш нема да оправдаат оштетување на имот и општествен и приватен.

СООПШТЕНИЕ
МКК Куманово АД ја информира јавноста дека се оградува и го осудува немилиот настан од 16.11.2024 год. на натпреварот помеѓу МКК Куманово АД и екипата на Феникс 2010 од Скопје на натпреварот од 7 – то коло од првата ,,М- ТЕЛ” машка кошаркарска лига.
Имено, на натпреварот во втората четвртина се случи немил настан предизвикан од страна на група на навивачи каде на 01 минута и 40 секунди пред крајот на втората четвртина при водство на домашната екипа (35:33) беше фрлена димна бомба, беа запалени 2 факела, беа фрлени 2 петарди, петарда со топовски удар, искорната е пластична столица од трибините и истата е фрлена на терен, беа искршени и фрлени и заштитни делови од оградата.
Во текот на натпреварот имаше неспортско следење на натпревар, неспортско скандирање и однесување, користење на скандалозни содржини со етнички, верски и вандалски примеси.
Натпреварот после паузата продолжи без публика и нашата екипа успеја да извојува победа.
МКК Куманово АД не поддржува и никогаш нема да поддржи вакво вандалско однесување, неспортско скандирање, повреда на етничка, верска или било каква друга основа на спортски натпревари и било каде и никогаш нема да оправдаме оштетување на имот и општествен и приватен.
Бараме од надлежните институции во согласност со законските прописи да ги превземат сите неопходни мерки и чекори и се надеваме дека во иднина нема да се повторуваат вакви настани.

Се вчитува...