Романците најавуваат: УЕФА жестоко ќе го казни Косово за повлекувањето од натпревар

Фудбалерите на Косово, како и Косовската фудбалска федерација, се соочуваат со жестоки казни и суспензии од УЕФА поради повлекувањето од терен од натпреварот со Романија, во Ц- дивизијата од Лигата на нациите.

Како што пренесуваат романските медиуми, според извори од УЕФА, се најавува суспензија на чело со капитенот Амир Рахмани кој ги поведе соиграчите во соблекувалната, каде што хаосот продолжи.

„Играчите на Косово се соочуваат со казни и суспензии поради нивните постапки и провокации што доведоа до хаос во Букурешт“ – информира романскиот новинар Емануел Росу, според инфрмации од извори блиски до УЕФА.

Според најавите се очекува на Косово да му бидат одземени и бодови, со што и баражот за место во Б-дивизијата од Лигата на нациите би бил доведен во прашање.

Се вчитува...