Кристијан Пулишиќ повторно е на радарот на англиските клубови, откако Американецот процвета изминатиот период во дресот на Милан.
Тој дојде во Милано минатата сезона по лошата епизода во Челси. Пулишиќ беше претставен како еден од играчите кои како млади можеа да бидат нови лидери на нивните клубови, но во Лондон очигледно не му се допаѓа воздухот, храната, нешто друго…
На 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, тој постигна седум гола и додаде пет асистенции за Милан. Сето тоа привлече бројни англиски клубови да се обидат да го вратат од Милано.
Имено, во ред за Пулишиќ стојат Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Вест Хем. „Чеканите“ изгледаат како најмалку реална опција со оглед на амбициите на Пулишиќ, но северот на Англија може да биде примамлив за капитенот на САД.
Пулишиќ кариерата ја започна во Борусија Дортмунд каде остави најдобар впечаток, а потоа се пресели во Челси. Доколку некој од споменатите англиски клубови реши да го купи, ќе треба да издвои значителна сума на пари, со оглед на тоа што договорот на Пулишиќ истекува во 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА