Аморим веќе најде нов напаѓач за Јунајтед

Рубен Аморим официјално ја започна својата работа во Манчестер Јунајтед, а веќе најде нов напаѓач кој ќе треба да ја поправи најлошата позиција изминатите години во редовите на „црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед е подготвен да одвои 67 милиони евра и Џошуа Зиркзе, кој не покажа ништо по доаѓањето на  „Театарот на соништата“ за услугите на Виктор Осимен. Осимен беше баран играч и во претходниот преоден рок. По неуспешниот трансфер во Челси, Осимен неочекувано се пресели во Галатасарај.

Турскиот клуб изрази желба да го задржи Осимен и по завршувањето на позајмицата, иако тоа е тешко остварливо. Нигериецот истакна дека е задоволен во Истанбул, но сигурно ќе бара поатрактивна дестинација и лига во која ќе сака да ја продолжи кариерата.

Се вчитува...