Џонатан Мотли има нов клуб

Џонатан Мотли има нов тим, а тоа не е ниту Црвена звезда ниту Хапоел Тел Авив. Американскиот центар во последните недели беше предмет на голема сага. Тој самоиницијативно го напушти Хапоел, а требаше да ја засили Црвена Звезда.

Сепак, сето тоа не се случи, а според добро информираните американски новинари, Џонатан Мотли се вратил во развојната лига во НБА: Мотли реши да ги спакува работите и да го напушти тимот на Хапоел поради војната во Израел. Ова не им се допадна на челниците на Хапоел кои ја обвинија Црвена Звезда дека влегува во преговори со Мотли.

Сепак, српскиот клуб ги демантираше  обвинувањата на израелскиот клуб дека имало преговори со Мотли. Подоцна се појави информација дека Реал Мадрид е заинтересиран, но тоа не се оствари.

Се вчитува...