Организаторите на Големата награда на Канада, една од трките во календарот на Светскиот шампионат во Формула 1, се договорија да го променат датумот на таа трка до 2026 година.
Челниците на Формула 1 најавија дека трката за Големата награда на Канада во Монтреал треба да се одржи третиот или четвртиот викенд во мај од таа година, а не во текот на јуни како што беше досега. Промената е направена со цел календарот на шампионатот да биде поодржлив, односно да се намалат непотребните долги патувања. Промената на датумот допрва треба да биде одобрена од Меѓународната автомобилска организација (ФИА).
Овогодинешниот датум на трката во Монтреал беше таков што беше, како и обично, за време на европската турнеја, по Големата награда на Монако и пред трките во Шпанија, Австрија, Велика Британија, Унгарија и други европски дестинации. Следната година, трката за Големата награда на Канада ќе се одржи на 15. јуни, меѓу трките во Шпанија и Австрија.
Организаторите на Гран При на Канада имаат договор со Формула 1 до 2031 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА