Велешки Борец е победникот во пилот-проектот на Одбојкарската Федерација на Македонија, „Државна одбојкарска лига на ветерани“, чии завршен турнир викендов се одржа во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.
На Ф4 турнирот во премиерното издание Борец до пехарот дојде откако во финалето со 2:0 го победи тимот на Спортисти Струмица. Претходно во првото полуфинале, организаторот беше поуспешен и од Прилеп во два сета. Струмичани, пак, на патот до финалето го минаа Тетово исто така во два сета. Особено интересен беше дуелот за третото место, меѓу Прилеп и Тетово, кој беше вистинска увертира на битката за титулата. Победникот за бронзата се одлучуваше во тај-брејк кој му припадна на тетовскиот состав. На најдобрите три екипи пехари и медали им доделија потпретседателот на ОФМ, Ивица Хаџииљоски и генералниот секретар на Федерацијата, Филип Деспотовски.
Во првата сезона на Државната одбојкарска лига на ветерани 2024 учествуваа седум екипи, кои се натпреваруваа во турнирски систем и беа одржани седум турнири, на кои се одиграа 46 натпревари. Екипите се составени од поранешни одбојкари и спортски работници, како и одбојкарски судии и делегати, дел од нив се сè уште активни. Со својата работа, но и со настапот во Лигата на ветерани, дополнително го потврдуваат својот голем придонес во македонската одбојка.
ДРЖАВНА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА ВЕТЕРАНИ 2024
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
БОРЕЦ ВЕЛЕС – ПРИЛЕП 2-0 (25-16, 25-18)
ТЕТОВО – СПОРТИСТ СТРУМИЦА 0-2 (13-25, 26-28)
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО:
ПРИЛЕП – ТЕТОВО 1-2 (25-23, 24-26, 7-15)
ФИНАЛЕ:
БОРЕЦ ВЕЛЕС – СПОРТИСТ СТРУМИЦА 2-0 (25-17, 25-17)
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:
1. БОРЕЦ ВЕЛЕС
2. СПОРТИСТ СТРУМИЦА
3. ТЕТОВО
4. ПРИЛЕП
5. ГЕВГЕЛИЈА
6. СТРУМИЦА
7. ШКЕНДИЈА ТЕТОВО
ФОТО: ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА