Фудбалската репрезентација на Хондурас беше казнета со играње на еден домашен натпревар без присуство на гледачи по инцидентот што се случи на натпреварот против Мексико кога гостинскиот селектор Хавиер Агире беше погоден во глава со лименка фрлена од трибините.
Агире беше погоден со лименка во глава на крајот од првиот натпревар од четвртфиналето, кој заврши со победа на Хондурас од 2-0.
Полицијата на Хондурас брзо го идентификуваше човекот кој го нападна Агире, а тоа водачот на навивачката група на репрезентацијата на Хондурас.
„Дисциплинската комисија донесе одлука Фудбалскиот сојуз на Хондурас да мора да го одигра следниот домашен натпревар на сениорската машка репрезентација зад затворени врати“, се вели во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА