Ракометарките на Чаир ја добија чешка Славија Прага во која игра нашата Ангела Јанкуловска за противник во осминафиналето на третото по ранг натпреварување на стариот континент, ЕХФ купот, одлучи денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.
Првите натпревари од осминафиналната фаза во третото по ранг европско натпреварување ќе се одиграат на 11. или 12. јануари следната година, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.
За потсетување, ЖРК Чаир е единствениот македонски тим во Европа кој успеа да обезбеди пласман во вториот дел од натпреварувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА