Ракометарите на Е. Пелистер работат во полна пареа под водство на новиот тренер Раул Алонсо, кој своето деби ќе го има на утрешниот дуел на домашен терен против Федериција во рамките од Лигата на Шампионите.
„Пелистерци“ токму против овој дански претставник ја прекинаа долгата серија без триумф во ЛШ, а желба на сите во клубот е да се слави и во Битола, со што би бил направен значаен чекор напред кон нокаут фазата од елитното европско натпреварување.
Шпанецот Алонсо со голем респект гледа на утрешниот ривал, предупредувајќи ги своите избраници дека без оглед на триумфот во Данска, нема да имаат нималку лесна задача на дуелот во Битола.
„Секој натпревар е различен посебно кога играте во Лигата на шампионите. Играчите во ова натпреварување брзо се адаптираат на новите ситуации. Фредериција е тим кој порасна во последните две сезони и беше компетитивна во данското првенство. Го имаат Гудмундур Гудмунсон, кој е еден од најдобрите светски тренери и човек кој има големо искуство. Ќе биде тешко да се игра против нив, иако победивме на гостински терен. Ова е нов натпревар и нова ситуација, имаат квалитетни дански ракометари и агресивна одбрана.Што се однесува до подготовката, го немав потребното време, тука сум три дена и одработивме само еден тренинг. Со вкупно три тренинзи ќе влеземе во натпреварот и ќе биде натпревар со голем влог. Ќе го следиме нашиот план и растот од претходниот натпревар. Многу е важно да имаме солидна одбрана и многу интервенции на голманите. Да бидеме организирани во одбраната и тоа да ни биде појдовна точка за добар позиционен напад и транзиција. Тоа е сепак натпревар од Лигата на шампионите и ќе решаваат мали детали“, ијави Раул Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА