Гвардиола изненади со изборот за наследник на Родри

Пеп Гвардиола едвај го чека почетокот на зимскиот преоден рок за да доведе нов играч за врска што би го заменил Родри, откако повредата на добитникот на „Златната топка“ остави сериозна трага врз играта и резултатите на Манчестер Сити.

Ангажманот на замена за Родри е приоритет за „граѓаните“, прв на листата со желби беше Мартин Зубаменди, но откако капитенот на Реал Сосиедад го повтори ставот од летото дека не планира да ги смени клуспките бои Гвардиола вниманието го насочи кон изненадувачки избор.

Францускиот тинејџер Ворен Заир – Емери е голема желба на трофејниот стручњак, кој во бисерот на ПСЖ гледа не само идеален наследник за Родри до крајот на оваа сезона, туку и суперталент што ќе може да продолжи да го развива во играч од светска класа. Заир Емери има само 18 години, но веќе собра 88 средби во дресот на ПСЖ, притоа постигнувајќи седум гола и осум асистенции. Тој минатиот ноември дебитираше за А-селекцијата на Франција, потврдувајќи дека станува збор за еден од најголемите фудбалски таленти на денешницата.

Челниците на Сити веќе почнале преговори со ПСЖ, проблем за „граѓаните“ е што тинејџерот има договор со францускиот клуб до јуни 2028 година, но англискиот шампион нема намера да се повлече без оглед на инсистирањето на „светците“ на отштета од најмалку 100 милиони евра.

Се вчитува...