Челси добива „засилување“ на крилната позиција

Фудбалерот на Челси, Џејдон Санчо се врати на тренинзите откако ги пропушти претходните четири натпревари на својот клуб поради грип. 

Челзи на социјалната мрежа „Х“ објави слика од Санчо од тренинг, со опис „враќање во ритам“. 

Санчо не беше во составот за натпреварите од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед и Арсенал, осминафиналето на Лига купот против Њукасл и натпреварот од групната фаза на Конференциската лига против Ноах. 

Санчо, кој е во Челси како позајмен од Манчестер Јунајтед, сигурно не можеше да игра на натпреварот против својот поранешен клуб поради правилата во Премиер лигата. Тој оваа сезона одигра пет натпревари за лондонските „сини“. 

Се вчитува...