Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери ја забележа првата цел за 2025 година. Во јануарскиот преоден рок Емери најверојатно ќе го продаде Диего Карлос, за да отвори место за негов сонародник.
Емери не е задоволен од игрите на Бразилецот во одбраната, и ќе сака да се ослободи од него. На неговото место сака да го донесе Диего Љоренте, кој летово пристигна од Лидс во Бетис.
Емери смета дека Љоренте би бил одличен во одбраната. Тој во минатото беше дел од Реал Мадрид, каде никоаш не доби шанса, а потоа играше во Рајо Ваљекано, Малага, Реал Сосиедад, Лидс, и кратко позајмен во Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА