Договорено: Пеп Гвардиола и следната сезона на клупата на Манчестер Сити

Иднината на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити е веќе извесна, откако шпанскиот тренер се согласил да го продолжи договорот на уште една сезона, односно до јуни 2026 година, пренесуваат англиските медиуми.

Гвардиола има договор до крајот на сезоната, и неизвесно беше дали ќе остане или ќе го напушти кормилото на „граѓаните“.

Во моментов тимот на Пеп заостанува пет бодови зад првопласираниот Ливерпул во Премиерлигата, и одбраната на титулата е загрозена, но раководството му верува и го наградува со нов договор.

Договорот ќе биде исто така со опција за продолжување и до 2027 година.

Гвардиола е дел од Манчестер Сити од 2016 година, и испиша историја со овој тим, освојувајќи ги сите титули кои можеше да ги освои.

Се вчитува...