Репрезентациите на Бразил и Уругвај одиграа без победник 1-1 во меч од 12. коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Федерико Валверде во 55. минута од мечот. Конечните 1-1 беа дело на Жерсон во 62. минута.
Аргентина стигна до минимална победа на домашен терен против Перу од 1-0. Победничкиот погодок за актуелниот светски шампион го постигна Лаутаро Мартинез на асистенција на Лионел Меси во 55. минута.
Во останатите мечеви: Колумбија – Еквадор 0-1 и Чиле – Венецуела 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА