Женската ракометна репрезентација на Македонија ги почна подготовките за Европското првенство кое што во декември ќе се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Нашите дами немаа среќа во ждребот, бидејќи во групата во Дебрецин ќе се сретнат покрај со домаќинот уште и со Шведска и Турција. Репрезентативниот десен бек Јована Кипријановска даде свое мислење за нејзините очекувања од настапот на континенталниот собир.
„Европското првенство не очекува за 10тина дена. Најбитно е да отидеме здрави и фокусирани на групната фаза. Имаме 3 добри противника со кои можеме да се надигруваме и да гледаме да оствариме најдобар пласман што можеме. Сите сме подготвени да дадеме максимум на оваа првенство, да изиграме со срце за Македонија и да направиме уште подобри резултати. Имавме неколку пријателски натпревари кои ни дадоа јасна слика на што треба да поработиме до почетокот на првенството и мислам дека ќе се појавиме во најдобро светло на европското првенство. Ќе одиме чекор по чекор и се надевам дека ќе ја израдуваме нашата нација со долгоочекуваната победа на Европско првенство“, изјави Кипријановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА