Олимпија Милано го официјализираше веќе договорениот трансфер на Фреди Гилеспи, со што италијанскиот првак очекува да ги реши проблемите на центарската позиција.
Џош Нибо требаше да биде главен адут под обрачите, но словенечкиот репрезентативец веќе имаше две повреди поради кои пропушти важни натпревари за Милано. „Манекените“ беа во потрага по нов центар, а изборот падна врз Гилеспи, кој беше без ангажман откако лани си замина од редовите на Црвена Звезда.
Тој вечерва го потпиша договорот со важност до јуни 2025 година, но останува да се види од каква помош ќе биде на италијанскиот тим, ако се знае дека во Евролигата, како член на Баерн Минхен и на Црвена Звезда има одиграни вкупно 62 средби, со скромни бројки од 3,5 поени и 4,3 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА