Мурињо го носи Ериксен во Фенербахче на зима

Кристијан Ериксен е еден од оние играчи на Манчестер Јунајтед кој може да го напуштат „Олд Трафорд“ уште во зимскиот преоден рок, откако новиот тренер Рубен Аморим веројатно нема да смета на него во иднина.

Затоа веднаш се јави Жозе Мурињо, кој би можел да го донесе во тимот на Фенербахче на полусезоната, и Ериксен првпат да заигра во првенството на Турција.

За данскиот репрезентативец претходно имаше шпекулација дека би можел да замине во Белгија, па дури и да се врати во својата татковина, меѓутоа тој остана во Јунајтед, затоа што на него сметаше тренерот Ерик тен Хаг. Сега кога се смени тренерот, играчот од средниот ред може да си бара нова средина.

Се вчитува...