ГРК Охрид се раздели со Бура

Екипата на Охрид одлучи да се раздели од својот ракометар, Луцијан Бура. Хрватскиот десен бек е слободен да си бара нов ангажман.

Бура во минатото играше и во Унгарија, во Словенија во тимот на Горица.

„Клубот ја информира јавноста дека од редовите на ГРК Охрид заминува десниот бек Луцијан Бура. Му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме успех во неговата ракометна кариера“, стои во објавата на ГРК Охрид.

Се вчитува...