Е. Пелистер со ниту едно водство и со негатива од три гола на полувреме

Еурофарм Пелисер има негатива од три гола (16-19) по првиот дел против Фредериција во рамките од 8. коло во Лигата на шампионите, со што гостите се на добар пат да му се реваншираат на македонскиот првак за поразот во првиот меч.

Пелистер немаше ниту едно водство, само три пати успеваше да дојде до резултатска „симетрија“, а гостите цело време беа во предност, во еден момент на крајот и четири гола разлика.

Атанасијевиќ и Радивојевиќ со по три гола се најефикасни, додека кај Фредериција по три гола имаат Андерсен, Бисгард, Мартинусен и Табоада.

Се вчитува...