Драматичен меч од 8. коло во Лигата на шампионите во Битола одиграа Еурофарм Пелистер и Фредериција. Македонскиот првак пропушти можност да се радува откако одигра одлично второ полувреме, каде што го сврте резултатот во своја корист, имаше и предност, кое го прокоцка само во два напади, и дозволи противникот непоразен да си замине дома.
Првиот дел битолските ракометари го одиграа слабо. Ниту еднаш не беше во предност, а на полувремето имаше негатива од три разлика. Не можеа пелистерци никако да ги намалат грешките и да дојдат до една серија со која би се стекнале со предност.
Меѓутоа во вториот дел домашните ракометари целосно се вратија. И покрај тоа што на почетокот имаа проблеми, со оглед дека Данците се стекнаа со предност и од три разлика, сепак, Пелистер со неколку добри напади успеа да го презеде водството.
Клучни беа последните три минути. На 28-27 Пелистер имаше напад за +2, но грешка на Хосни донесе до израмнување, а потоа за кратко време уште една грешка, па Федереција можеше да дојде до предност, и успеа да ја искористи шансата и да дојде до 28-29.
Пелистер во следниот напад доби пенал, кој го искористи Манасков за ново израмнување. Потоа двете екипи не успеја да реализираат, па мораа да се задоволат со поделба на бодовите.
Кај Еурофарм Пелистер Радивојевиќ беше најефикасен со седум голови, додека ист број голови на спротивната страна постигна Мартинусен.
Ова беше деби на новиот тренер Раул Алонсо во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА