Македонија денеска ќе ја пречека Литванија (18 часот, СРЦ „Кале“) во квалификациите за Евробаскет 2025, а самото спомнување на Литванците како наш кошаркарски ривал буди спомени на неверојатниот дуел од Евробаскет 2011, кога на нивни терен го расплакавме големиот фаворит и се пласиравме во полуфиналето од Европското првенство.
Тоа беше најубавиот кошаркарски спомен за нашата национална селекција, а од тој натпревар во македонскиот состав се уште се браќата Војдан и Дамјан Стојановски, кои ќе бидат наши главни адути и на вечерашниот дуел.
По тој дуел, Македонија славеше и на наредната пресметка со овој ривал, пријателски меч одигран во јуни 2012 со 78-74. Последните три натпревари завршија со триумф на Литванија, последниот беше одигран во август 2015 и заврши со победа на противникот од 62-68.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА