Мицевска: Верувам во оваа група на девојки дека може да направи добар резултат

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги почна подготовките за Европското првенство кое што во декември ќе се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Нашите дами немаа среќа во ждребот, бидејќи во групата во Дебрецин ќе се сретнат покрај со домаќинот уште и со Шведска и Турција. Репрезентативниот голман Јована Мицевска  даде свое мислење за нејзините очекувања од настапот на континенталниот собир.

„Ни остануваат уште десет дена за подготовки. Најпрво треба да останеме здрави и добро да се подготвиме. Полека се комплетираме, атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво. Желбата е голема затоа што не е мала работа да се игра на Европско првенство. Навистина е голема чест да се претставува својата држава на едно вакво натпреварување. Верувам во нас. Верувам дека сите ќе го дадеме максимумот. Нормално дека имаме амбиции и сакаме да направиме што е можно подобар резултат за нас и за Македонија“, изјави Мицевска. 

Се вчитува...