Најавеното заминување на Серхио Перез од Ред Бул од страна на поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер наиде на жестока и остра критика од страна на неговиот татко, Перез Гарибај.
Таткото на мексиканскиот возач воошто не беше пријатен кога говореше за Германецот.
„Постои еден поранешен возач кога стана новинар. Тој е прв кој напиша дека Чеко заминува од Ред Бул. Само недела дена откако „излезе од плакар“ и кажа дека е геј. Не знам дали можеби е заљубтен во Чеко. Има многу чудни работи тука. Не знам дали тој е новинар, маж или жена. Неговото мислење не е важно, не поради Чеко, туку поради тоа што неговата поранешна жена го кажа за него“, изјави Перез Гарибај.
Овој став на постариот Перез го прокоментира и Серхио кој се огради од размислувањата на татко му.
„Не се согласувам со тоа што го кажа. Направи голема грешка и не го делам мислењето за ниту еден негов став. Меѓутоа, јас не контролирам што мојот татко ќе каже“, изјави возачот на Ред Бул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА