Левандовски: Му кажав да на Манчестер јунајтед!

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Роберт Левандовски призна дека во 2012 година бил на прагот да се пресели во Манчестер јунајтед.

Полјакот кој ги носеше дресовите на Борусија Дортмунд и Баерн, а сега е член на Барселона, начелно дал согласност, но тогашниот клуб Борусија Дортмунд го спречил во тоа.

„Се сеќавам на разговорот со претседателот на Дортмунд. Ми кажа дека сум им многу важен и дека не е вистинскиот момент да си заминам“, се присетува Левандовски.

Една година подоцна, одличниот стрелец играше во финалето на Лигата на шампионите со Дортмунд, но зажали што не се пресели на „Олд Трафорд“.

„Реков ДА на Алекс Фергусон. Добро се забавував во Дортмунд, но Јунајтед тогаш беше на својот врв. Жалам што не работев со славниот Сер Алекс“, заклучи асот на Барселона.

Се вчитува...