Македонската кошаркарска репрезентација со денешниот домашен дуел против Литванија (18 часот, СРЦ „Кале“) ги продолжува настапите во квалификациите за Евробаскет 2025.
Селекторот на Литванците, Римас Куртинаитис пред денешниот меч вели дека повеќе се плаши од нив самите, отколку од противникот.
„Повеќе се плашам од нас самите, отколку од противникот. Тие имаат свои проблеми, а се разбира дека за на е подобро што голем дел од нивните кошаркари ќе отсуствуваат. И покрај тоа мора да останеме фокусирани и да ја завршиме работата“, изјави Куртинаитис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА