Италијанскиот клуб Пјаченца, оваа недела ги сруши сите рекорди. Членот на Серија „Д“ во ист ден смени дури три тренери, во надеж дека ќе ги подобри игрите и резултатите по слабиот старт на сезоната.
Она што за викенд доживеаја, изненадувачки се поразени од претпоследниот тим на Сан Марино, па челниците на Пјаченца во вторникот наутро се одлучија да му врачат отказ на Кармин Парлато, и спортскиот директор Алесио Сесту. На местоот на Парлато, седна Симоне Бентивољо.
Бентивољо одработи само еден тренинг со екипата, но и тој беше прекинат од навивачите на тимот, кои не биле задоволни со неговото доаѓање на клупата.
Протестот на навивачите даде плод, па веднаш станал „поранешен“. Навивачите му замеруваат поради обложувачкиот скандал во 2011 година.
Конечно е направен круг, па Стефано Росини, кој претходно беше во тимот, ја доби одново довербата. „Позитивниот“ шок се исплатеше, затоа што Пјаченца синоќа беше подобра од Вила Вале во 1/16 финалето на Купот во Серија Д.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА