Бугарскиот судија ја „запали“ публиката, збесна и претседателот Антиќ (фотогалерија)

Литванија прикажа подобра игра и апсолутно заслужено триумфираше вечерва во Скопје, мечот мина во максимално спортска атмосфера што сосема непотребно беше нарушена од судиите и нивниот чуден критериум.

Пред се бугарскиот арбитар Мартин Хорозов, кој во неколку ситуации имаше несоодветен критериум, сите одлуки носејќи ги во корист на гостинската селекција.

Публиката со право испрати свирежи кон Хорозов и неговите колеги, а нервите во последната четвртина ги загуби и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, кој од ложата крај аут-линијата бурно реагираше на неправдите. Литванците беа подобар противник и ваква помош апсолутно не им беше потребна во Скопје.

Се вчитува...