Пеп Гвардиола вчера и официјално го продолжи договорот со Манчестер сити за уште две сезони, потпишувајќи до јуни 2027 година. Шпанецот во клубот е од 2016 години, досега со освоени шест титули во Премиерлигата.
Гвардиола веднаш по официјализирањето на новиот договор објасни зошто се одлучил и натаму да остане во клубот.
„Ова е мојата деветта сезона тука, и тоа јасно кажува колку многу ми значи Манчестер сити. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство за овој клуб и затоа сум многу среќен што останувам“ – истакна Гвардиола.
Претседателот на клубот, Калдун Ал Мубарак изјави дека е воодушевен што продолжува соработката со Пеп.
„Среќни сме што неговата посветеност, страст и иновативно размислување ќе продолжат да ја обликуваат играта. Неговата глад за развој и успех останува ненаситна, а директни корисници ќе продолжат да бидат нашите играчи и стручниот штаб, културата на нашиот клуб и англискиот фудбал во целина“ – истакна Ал Мубарак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА