Мурињо директно со понуда до Роналдо од следната сезона да игра во Фенербахче

Португалецот Жозе Мурињо низ директен контакт со Кристијано Роналдо испратил понуда до еден од најдобрите светски фудбалери од следната сезона да игра кај него, во турски Фенербахче.

Роналдо, кој во февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, е под договор со Ал Наср во Саудиска Арабија каде игра за годишна плата од околу 200 милиони евра.

Сега Мурињо, како што пренесуваат Турците, директно му се јавил на Роналдо, велејќи му дека слушнал гласини дека сака да ја напушти Саудиска Арабија, па го прашал дали е среќен таму и дали би му се придружил во Фенербахче.

„Директорот на клубот Марио Бранко веќе е во преговори со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш“ – тврди „Еуроспорт“.

Мурињо и Роналдо соработуваа три години во Реал Мадрид заедно доаѓајќи до титула, Куп и Суперкуп на Шпанија.

Се вчитува...