Килијан Мбапе повторно не беше дел од француската репрезентација и за ноемврискиот собир во Лигата на нации. Иако најпрво беше соопштено дека ќе се рехабилитира од повреда, јасно е дека неговата ситуација во селекцијата на Франција не е најчиста.
Францускиот новинар Ромен Молина пренесува дека Мбапе можеби не сака да игра за репрезентацијата додека Дешамп е селектор, поради наводни несогласувања. Дешамп, пак, вели дека одлуката за неповикување на Мбапе е заеднички договорена и дека тоа е најдобро за сите, иако Килијан сакал да игра.
„Л’Екип“, исто така пишува дека „ситуацијата е посложена од тоа што се прикажува во јавноста“ и дека е присхичките проблеми на Мбапе се пречка да биде дел и од репрезентацијата. Оставен е простор за надминување на проблемите, а до тогаш Мбапе нема да биде капитен на Франција.
Во последните два месеца, капитенската лента на Франција ја носеа Н’Голо Канте, Аурелиен Чуамени и Ибраима Конате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА