Кошаркарите на Партизан конечно ставија точка на црната низа од осум едноподруго порази во меѓусебните дуели од Црвена Звезда, триумфирајќи синоќа со 77-89 во првата меѓусебна евролигашка пресметка сезонава.
Жељко Обрадовиќ не го криеше задоволството по мечот, нагласувајќи дека тимот ќе продолжи да функционира како и досега со надеж дека ќе се влезе во посакуваниот ритам.
„Да бидам искрен, јас немам волшебно стапче, освен да разговарам со играчите и да им помогнам да бидат најдобри што можат на терен. Мора да се потрудиме индивидуално и тимски да ги поправиме нештата“ – истакна Обрадовиќ и дополни:
„Бевме многу паметни во нападот овој пат, а одбраната беше навистина на високо ниво, со исклучок на три ситуации во првото полувреме во кои одигравме исклучително лошо. Се друго беше добро. Црвена Звезда е квалитетен тим, затоа ова беше посебен натпревар за нас. Но, треба брзо да го заборавиме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА