Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал е блиску да потпише нов договор со клубот, тврдат шпанските медиуми.
17-годишниот шпански репрезентативец ќе потпише нов договор на шест години, кога ќе наполни 18 години идното лето. Во договорот ќе биде ставена клаузула со која оној кој сака да го откупи, ќе мора да плати најмалку 1 милијарда евра.
Во оваа сезона Јамал одигра 16 меча за Барселона, во која запиша шест гола и осум асистенции. Актуелниот договор му е до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА