Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја потврди лошата вест за повредата на Бен Вајт кој во следниот период ќе се рехабилитра од повеќе повреди.
Вајт веќе подолго време се соочува со потешкотии, а пред репрезентативната пазуа и одигра цел натпревар против Челси кој дополнително ја влоши ситуацијата. Сега ќе отсуствува неколку месеци поради операција на коленото.
„Бен за жал ќе биде надвор од терените во следните неколку месеци. Има неколку повреди. Моравме да донесеме одлука, состојбата на Бен не се поправи во однос на претходните недели. Знаеме дека тој е подготвен да ги премине границите, но дојдовме до момент кога моравме да го заштитиме играчот“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА