Манчестер Сити месец дена без важен фудбалер

Пеп Гвардиола се соочува со нов голем проблем во средината на теренот бидејќи во следниот месец нема да може да смета на услугите на Матео Ковачиќ.

Хрватскиот репрезентативец се повреди на натпреварот против Португалија во Лигата на Нации. Одигра само едно полувреме, а потоа беше заменет и не се врати на теренот.

Засега не е откриено за каква повреда точно станува збор, но јасно е дека шпанскиот стручњак ќе има тешки проблеми за составување на тимот во следниот период поготово доколку се земе во обѕир дека Ковачиќ беше заменета на повредениот Родри за кој сезоната е завршена.

Се вчитува...