Натпреварот од 14.коло во најсилната Премиерлига на БиХ меѓу Игнам и сараевски Железничар не го дочека својот крај поради невозможните услови за игра на теренот во Коњиц.
Судијата по дождот, блатот и неможноста да се игра нормален фудбал, се одлучи во 73. минута да свири крај на натпреварот, при водство од 0-2 за гостите од Сараево.
Согласно правилникот за натпревари, на крај натпреварот ќе се регистрира со постоечкиот резултат со оглед на тоа што беа одиграни 80% од натпреварот (а тоа е вкупно 72 минути игра на натпревар од 90 минути).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА