Дарко Чурлинов продолжува со одличните свои изданија во дресот на полската Јагелонија сезонава.
Во 16. коло од полскиот шампионат Јагелонија ремизираше (2-2) со Сласк, а Чурлинов беше најзаслужен за вториот погодок на својата екипа.
Во 70. минута од средбата најпрво имаше одлично двојно проигрување а потоа и мајсторска асистенција до Имаз кој погоди за 2-1, во тие моменти.
Чурлинов од игра излезе во 86. минута, кога се чинеше дека натпреварот е веќе решен, но гостите успеаја да израмнат со гол во 89. минута за конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА