Ракометарите на Охрид „раните“ по двата едноподруго порази од Вардар и Алкалоид во Суперлигата ги лекуваа со екипата на Радовиш, победувајќи со убедливи 43-21 во првото коло од вториот круг во шампионатот.
Сосема очекувано охриѓани немаа никакви проблеми со противникот, предводени од расположените Бојаниќ и Шипинкоски.
На полувреме Охрид имаше предност од 19-8, а сосема еднакво се продолжи и во вториот дел за конечна победа од +22 разлика.
Најдобри кај Охрид беа Шипинковски и Костов со по седум гола, додека Бојаниќ и Андоноски запишаа по шест погодоци. Во поразениот тим четири гола постигна Костадинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА