Интер „пукна петарда“ за едно полувреме, па после се сожали на Верона (ВИДЕО)

Интер го презеде врвот во Серија А, барем најмалку до натпреварот на Наполи, во 13. коло, славејќи убедливо со 0-5 на гостувањето против Верона.

„Нераѕурите“ одиграа феноменално прво полувреме во кое ги постигнаа сите пет гола, а потоа во вториот дел како да се сожалија на противникот одлучувајќи релаксирано да го привршат натпреварот до крајот.

Кореа уште во 17. минута донесе 0-1, а потоа Турам со два гола во 22. и во 25. минута зголеми на 0-3. Де Вриј во 31. минута веќе донесе 0-4, а Бисек во 41. минута ги постави конечните 0-5.

Се вчитува...