Лајпциг доживеа неочекуван пресврт-пораз на гостувањето против Хофенхајм во 11. коло од Бундеслигата.
Лајпциг имаше предност од 2-3 се до 82. минута, но со двата погодоци на Хрожек и Ларсен во самиот финиш, Хофенхајм дојде до победа од 4-3 во голеадата на домашен терен.
Елиф Елмас, како што е познато, поради повредата на мускулот воопшто не беше во составот за овој натпревар, а ќе мора да паузира до крајот на годината.
GOOOLL JACOB LARSEN!! HOFFENHEIM 4-3 RB LEIPZIG
GILAAA!! 7 GOL JUGA!!!pic.twitter.com/NEIyRqXxJk
— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) November 23, 2024
Баер Леверкузен, пак, славеше убедливо со 5-1 против Хајденхајм, а убедлива победа од 4-0 против Фрајбург запиша и Борусија Дортмунд.
Волфсбург го победи Унион Берлин со 1-0, со голот на Баку во 71. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА