Македонската женска ракометна репрезентација загуби убедливо и на вториот подготвителен натпревар како дел од турнирот „Кроација Куп“ во Новиград, пред настапот на Европското првенство 2024.
По поразот од домаќинот Хрватска на стартот од турнирот, денеска избраничките на селекторот Грчевски загубија убедливо со 33-21 и од селекцијата на Србија.
Лошиот напад пресуди на натпреварот за лесната победа на противничките, давајќи слика за неопходни серија корекции низ последните подготвителни денови пред настапот на Европското првенство.
Најефикасна во составот на Македонија беше Андреа Седлоска со шест гола, а по три гола постигнаа Ива Младеновска, Сара Ристовска и Јована Саздовска. Кај Србија најдобра беше Анѓела Јањушевиќ со пет постигнати гола.
На Европското првенство, Македонија во групната фаза игра против Шведска, Унгарија и Турција. Најдобрите две од групата ќе продолжат во главната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА