Диего Симеоне на најдобар можен начин, со победи си го прослави големиот јубилеј – 700. меч во тренерската кариера. Атлетико Мадрид дојде до пресврт-победа од 2-1 против Алавес во 14. коло од Ла Лига.
Гуриди го доведе Алавес во водство од пенал уште во 7. минута од средбата.
„Јорганџиите“ во завршницата успеаја да постигнат два гола, за пресврт. Најпрво Антоан Гризман израмни од пенал во 75.минута, а Александер Сорлот беше стрелец на победничкиот гол во 86.минута од натпреварот.
2-1 Atlético Madrid.
ALEXANDER SORLOTH HAS GIVEN THEM THE LEAD !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! THAT SHOULD BE THE WINNING GOAL !!!!!!!!!!!!!!!!!
— FcbGavi (@goatgavi04) November 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА