Ракометарите на Е. Пелистер славеа лесна победа во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи убедливо со 40-23 против екипата на Тиквеш во дебито на новиот тренер Раул Алонсо на домашната сцена.
Алонсо пред три дена дебитираше со реми против данска Фредериција во Лигата на шампионите, а сега запиша лесна победа со екипата на Тиквеш.
Буквално сите расположиви сили на клупата на „пелистерци“ добија шанса на натпреварот, а најпрецизни беа Радивојевиќ и Петар Атанасијевиќ со по седум гола. Кај Тиквеш се издвои Кривокапиќ со шест гола, два повеќе од Мартин Манасков.
Утре од 19 часот се игра и дербито на ова коло меѓу Вардар и Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА