Бутел лесно го реши Куманово, втора победа сезонава и за Бисинов Фруит Ленд

Ракометарите на Бутел дојдоа до триумф од 22-29 на гостувањето против Куманово во натпреварот од 12. коло на Суперлигата.

Се беше јасно на мечот кога гостите дојдоа до предност од 5-13 уште во првото полувреме, а потоа само рутински ја одржуваа за конечен триумф.

Дамјан Субашески со осум гола беше најдобар кај Бутел, а кај домашните се истакна Давид Димевски со седу постигнати погодоци.

Ракометарите на Бисинов Фруит Ленд Борец ја запишаа, пак, втората победа во македонската Суперлига откако славеа над Струга со 37-30.

Најефикасен во победничкиот тим беше одличниот Ивица Илиев со 12 гола, Тоше Ончев постигна седум, а Марко Трајковски заврши со шест погодоци. Кај Струга се истакна Ненад Костоски со осум погодоци.

Се вчитува...