Вистински драматичен натпревар одиграа Селта Виго и Барселона во 14. коло од Ла Лига, кој на крај по голема борба заврши без победни, 2-2, и покрај тоа што каталонскиот тим се до 84. минута од средбата имаше предност и од 0-2.
Барселона имаше се во свои раце. Најпрво водство од 0-1 со голот на Рафиња уште во 15. минута. А, потоа и гол на Левандовски во 61. минута од натпреварот за предност од 0-2 на Каталонците.
Кога се чинеше дека Барселона само рутински ќе ја одржи предноста следеше вистинска драма во финишот.
Најпрво Касадо кај гостите во 82.минута доби втор жолт картон и исклучување. И тоа го искористија фудбалерите на Селта Виго.
Во 84.минута Гонзалез намали на 1-2, а веќе во 86.минута Алварез на огромна радост на домашните навивачи постигнува гол за конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА