ЕКИПА во Клаипеда,
Стеван Цаневски
Дамјан Стојановски ја прекина репрезентативната пензија за да се врати и да му помогне на националниот тим во овој квалификациски циклус. Капитенот на МЗТ Скопје е максимално мотивиран за денешното гостување против Литванија (18.30), нашата репрезентација да се прикаже во подобро светло отколку на дуелот во Скопје и да се обиде да ги замрси сметките на фаворитот.
„Дефинитивно ќе биде поинаков натпревар од Скопје. Наша главна задача ќе биде да одиграме цврсто во одбраната, не треба им дозволиме на Литванците брзо да направат разлика. На првиот меч бевме изненадени од критериумот на судиите, им дозволија на кошаркарите на Литванија груба игра во одбраната, а тоа беше и причината што брзо дојдоа до убедливо водство. Свесни сме дека трибините ќе бидат исполенти до последно место бидејќи Литванците се големи фанатици кога станува збор за кошарката, но тоа може да биде дополнителен мотив и за нас. Мора да одиграме максимално во сите 40 минути доколку сакаме да бидеме егал, не смее да им оставиме простор за лесни поени, мора да го поправиме и скокот. Не се откажуваме, поразот во Скопје го оставивме зад себе“, вели Дамјан Стојановски.
Голем плус за нашиот национален состав ќе биде играњето на Ненад Димитријевиќ, кој поради настап за Олимпија Милано во Евролигата го пропушти дуелот во Скопје.
„Во составот го имаме Нено со кого работите во нападот ќе течат поинаку. Со него тимот ќе добие друг лик, ќе се отворат повеќе шанси, ќе добиеме на свежина. Нено веќе има евролигашко искуство кое е од големо значење за нашата репрезентација. Навистина ми е жал што не сме комплетни за овие два меча, за тоа што во овие квалификации не настапивме заедно со Хап, Јакимовски и Нено на сите три претходни натпревари, ќе имавме големи шанси да се пласираме на Европското првенство. Имаме добар состав, но ете немаме среќа да одиграме комплетни во овие квалификации“, коментира Дајман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА