Реал Мадрид повлекува изненадувачки потег: Го враќа Касемиро на „Сантијаго Бернабе“?

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот. Белиот балет размислува за повторно ангажирање на играчот од средниот ред Касемиро од Манчестер Јунајтед во јануари, тврди Тривела.

Од „Сантијаго Бернабеу“ забележаа дека заминувањето на Тони Крос оставило сериозна дупка во средниот ред и затоа веруваат дека Касемиро може да помогне во оваа ситуација. Бразилецот може да има важна улога и на теренот и во соблекувалната на Реал, кој покажа доста осцилации во перформансите оваа сезона.

32-годишниот фудбалер има договор со Манчестер Јунајтед до 2026 година, но сигурно не е незаменлив играч на „Олд Трафорд“. Така, „црвените ѓаволи“ веројатно нема да го задржат доколку добијат доволно добра понуда, иако тешко дека ќе ги вратат 70-те милиони што ги платија за него во 2022 година

Касемиро најголемиот дел од својата кариера го помина во Реал Мадрид, каде што играше помеѓу 2015 и 2022 година. За „белиот дрес“ има 336 натпревари, 31 гол и 29 асистенции.

Се вчитува...